На социјалните мрежи деновиве се споделува видео од Јужноамериканската Република на кое маж среде бел ден пробува да киднапира четиригодишно девојче кое седи со својата мајка. Тој е фатен и уапсен. Иако полицијата не открива детали, се верува дека киднапирањето го испланирал таткото на девојчето и дека го најмил човекот да ја грабне неговата ќерка од мајката, оти има спор за старателството.
На снимката се гледа како две жени седат во ресторан заедно со девојчето. Одненадеш маж ја прескокнува оградата од терасата на ресторанот, тргнува право кон девојчето и го фаќа за вратот. Неколку гости веднаш се затрчуваат кон мажот и им помагаат на жените да го оттргнат напаѓачот од девојчето. По ова на „Твитер“ се појави снимка од фатениот напаѓач, кој лежи врзан на улица пред да дојде полицијата.
Полицијата го потврди инцидентот и откри дека станува збор за 24-годишен маж.
The man who tries to kidnap the child speak… WATCH (Video as received) https://t.co/UJTG80PvcJ pic.twitter.com/pmsXlV6pFa
— Yusuf Abramjee (@Abramjee) September 11, 2020