(Видео) Мечка и две мали мечиња снимени на Шар Планина

Видеокамерите на Шар Планина забележале мајка со две мали мечиња додека се шетале низ густата шума или додека барале храна. Тие застанале точно пред камерата и ја овековечиле оваа несекојдневна ситуација.

Видеото набргу се прошири на социјалните мрежи и стана вирално.

Се случува мечките од Шар Планина да се сминат дури до Тетово во потрага по храна. Тие неколкупати биле забележани во тетовското село Доброште, каде што е и здружението „Шари Беар“, чија цел е да му помогнат на овој редок и заштитен дивеч да преживее на Шар Планина. Тоа е можеби единственото здружение што се грижи за нив. Неговите активисти секојдневно на посебни пунктови им носат храна на мечките како би им помогнале во исхраната и би ги спречиле да нападнат некое бачило или пчеларник.

 

 

Scroll to Top