(Видео) Милионер платил 10 милиони евра за регистерската табличка на автомобилот

Милионер на аукција платил 10 милиони евра за регистерската табличка која ја ставил на својот автомобил марка Lamborghini Aventador SVJ Roaster. Вредната регистарска табличка има трицифрен број „123“ и е најскапата регистрација во светот која е направена во Катар.

Таа е ставена на еден од најексклузивните автомобили, чија цена изнесува околу 390.000 евра.  Автомобилот е снимен во Монако. Бело-црната комбинација со виолетови детали изгледа одлично, како и украсот во кабината со јасно истакнат карбон и комбинација на бело и виолетово.

Под хаубата се наоѓа 6.5 V12 со 770 КС и 720 Nm што го вози автомобилот до 100 км / ч за 2,9 секунди и до максимални 350 км / ч.

Scroll to Top