Во повеќето земји лежечките полицајци се поставуваат за да се спасат животи, но во Африка, може да ве убијат ако се обидете да ги минете. Токму тоа му се случило на Кмаерон Ват (50) кој додека возел мотор низ патиштата на северна Африка здогледал огромна пречка на патот. Во првите моменти си помислил дека станува збор за лежечки полицаец.
Но, дури кога се доближил, сватил дека тоа што требало да биде статично, всушност се движело и дека станува збор за џиновски питон.
Не можел да одолее и се доближил колку можел поблиску до најголемата змија која некогаш ја видел, како што вели самиот.
Иако со него имало и деца, тој го извадил телефонот и го снимил ова неверојатно видео на кое јасно може да се види џиновскиот питон како преминува преку прашливиот пат и исчзенува во грмушките.
Видеото погледнете го на следниот линк: