Голем леден круг се појави на реката Лија во провинцијата Лијаонинг во Кина. Од кога се појавил, тој непрекинато привлекува голем број посетители.
Овој круг има неверојатно правилен облик, а константно се врти поради брзината на реката со која таа се движи.
На овој круг може да застанат повеќе од десетина луѓе, нешто што веднаш било тестирано кога тој се појавил.
Според научното објаснување, овој феномен е вообичаен на Северниот Пол, Скандинавија и во Канада.