(Видео) Младенци се венчаа на 6500 метри надморска височина, три дена им требаше да стигнат до врвот

Младенците Џони Пачеко и Хајди Пако се венчаа на врвот на планината Илимани, највисоката во западна Боливија. Тие ги разменија прстените на 6500 метри надморска височина, а за целата церемонија велат дека барала исклучителни подготовки.

Младенците велат дека имале среќа со времето, затоа што сонцето и пријатните температури им ја направиле церемонијата да им биде уште попосебна. Тие велат дека им требале три дена за да се искачат на врвот, а тргнале од главниот град на Боливија, Ла Паза.

Со нив биле и неколку лица чија задача имале да им ја носат венчаницата, украсите и храната за прославата. Џони и Хајди ги размениле заветите на вистина од 6439 метри надморска височина.

„Двајцата се спортисти и љубители на природата, како и љубители на планината. Затоа тие одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина“, рече Агустин Гонзалес, планинар, но и кум на младоженецот.

Scroll to Top