(Видео) Младоженец застрелан среде свадба

Во американската држава Тексас, младоженец бил застрелан среде свадба, а лекарите се борат за неговиот живот. Еден од гостите пукал во младоженецот и го застрелал во градите, но никој не ги знае причините за пукањето. Невестата молчи и одбива да соработува со полицијата, пренесоа локалните медиуми.

„Сведоците не соработуваат со одговорните полицајци кои работат на случајот,“ рекол Џон Шенон, капетан од канцеларијата на шерифот на округот Харис во Тексас.

Инспекторите велат дека во инцидентот е вклучена и една млада жена, но дека во моментов таа е во бегство. На истражителите им било кажано дека лице кое е покането на свадбата влегло во расправија со младоженецот, по што пукал во него и избегал.

Scroll to Top