(Видео) Момче од Африка претепа старица во Германија сред бел ден

Момче со африканско потекло е снимено како насилно напаѓа постара жена на улиците на германскиот град Нирнберг.

Осомничениот е испратен на психијатриско испитување, а неговиот мотив не е познат.

Снимката покажува како мажот со африканско потекло, облечен само во долна облека, се шета на улица.

Додека постарата жена се доближувала до него, тој изненадувачки ја удрил со раката во главата и ја турнал на подот. Видеото исто така покажува дека меѓу нив немало никаква расправија или кој било друг облик на интеракција пред нападот, пишува „Раша тудеј“.

Во видеото се слуша страшно врескање и повик за помош на старицата додека е нападната од момчето што силно ја удира со нога во главата.

Германската полиција потврдила дека инцидентот бил снимен и објавен на социјалните мрежи.

Жената е пренесена во болница и утврдено е дека претрпела сериозни повреди опасни за живот, вклучувајќи и неколку скршеници на коските.

Според полицискиот извештај, човекот ја нападнал жената и во повеќе наврати ја удирал по главата додека таа не паднала на асфалтот. Како што известила полицијата, нејзиниот живот и понатаму е во опасност, а осомничениот сторител е испратен на психијатриско вештачење во специјална клиника.

Сведоците на настанот бргу интервенирале. Го спречиле напаѓачот од понатамошно тепање на жртвата и го држеле сѐ до пристигнувањето на полицијата. Според полициското соопштение, мажот се предал без никаков отпор.

Во него се дополнува дека осомничениот не им бил претходно познат на властите. Подоцна полицијата изјавила дека станува збор за човек од Африка, на 23-годишна возраст. Бил студент од Камерун.

Полицијата исто така отворила истрага и за обид за убиство. Но, причините за несреќата и понатаму се непознати. Полицијата пронашла докази дека напаѓачот и неговата жртва се познавале еден со друг. Ова го пренесува „Раша тудеј“ врз база на извештаите на новинската агенција ДПА.

Видеото гледајте го подолу:

Scroll to Top