(Видео) Момче се качило на кулата на Трамп во Чикаго и се заканува дека ќе се фрли

Неидентификуван маж се качил на кула во Чикаго, која е во сопственост на Доналд Трамп, и побарал да разговара со американскиот претседател и медиумите. Тој се заканил дека во спротивно ќе се фрли од кулата.

Момчето било на возраст од околу дваесетина години и наводно било член на движењето „И црните животи се важни“. Тој се искачил на кулата во Чикаго околу 17 и 30 часот и висел со јаже во неделата вечерта. Таму бил со часови додека полицијата се обидела да го наговори да се симне.

„Њујорк тајмс“ пишува дека момчето им се заканило на полицајците дека ќе скокне, доколку не разговара со Доналд Трамп.

На видео снимката која се појави на социјалните мрежи, се гледа како момче виси на портокаловиот коноп, тврдејќи дека е член на движењето и дека има порака за Трамп.

„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и умрам“, изјавило момчето.

Како што е наведено во американските медиуми, тоа со камера се снимало себе си и давало изјава. Тој се емитувал во живот на „Фејсбук“.

„Имам нож. Ако некој ме повлече, ќе го пресечам јажето“, изјавило момчето.

Тој додал и дека Трамп морал да ги исполни ветувањата кои ги дал пред изборите. Засега не е познато како завршила целата ситуација.

Scroll to Top