(Видео) Моментот кога гореше далноводот во Пинтија

Десетина скопски општини вечерва останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија.

И дел од Центар остана без електрична енергија, но набрзо, тамо напојувањето беше стабилизирано. Во Ѓорче Петров струја има.

Во два наврати, напонот на електричната енергија се врати, но набрзо, повторно престана. Од МЕПСО рекоа дека причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија.

Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.

 

 

Scroll to Top