(Видео) Моментот кога се запалил трговскиот центар во Русија

Безбедносната веб камера го снимила моментот кога пламна еден од најлошите и најпогубни пожари, пожарот во трговскиот центар во рускиот град Кемеров, во кој загинаа најмалку 64 лица, од кои 26 биле деца. Истовремено истрагата утврдила дека чуварот во тој трговски центар го исклучил системот за предупредување од пожар, а излезите за случај на пожар биле блокирани, соопштиле руските државни истражители.

Камерата го снимила највисокиот спрат на трговскиот центар. Се гледа игралиштето за деца, од каде избива пожарот. Луѓето и децата бегаат, а црниот дим го исполнува катот.

Ова видео поддржува една од првите верзии на пожарот, дека детето во игра со запалка ја запалило трамболината.

Истрагата сеуште не е готова, па не е соопштена вистинската причина, но истражниот комитет објавил дека се направени повеќе сериозни пропусти во текот на изградбата на трговскиот центар и во неговото водење.

Во трговскиот центар во Камеров денеска избил нов пожар, а според наводите на очевидците, се забележал темен дим како избива од полусрушениот трговски центар.

Но голем катастрофален пожар избил и во неделата на четвртиот кат, каде се наоѓало и киното и детскиот забавен центар, и зафатил околу 1600 квадратни метри. Пожарот е локализиран, а покрената е истрага за неговото избивање.

Моменалниот црн биланс е 64 мртви, од кои 26 се деца, но се стравува дека жртвите на оваа трагедија би можело да бидат повеќе, затоа што десетина лица, се водат како исчезнати.

Scroll to Top