(Видео) Москва се подготвува за Денот на победата

Главниот град на Русија ги прави последните подготовки за одбележувањето на Денот на победата, 9 Мај, кога пред 63 години нацистичка Германија потпишала капитулација во Втората светска војна.

Овој ден во Москва, како и секоја година, ќе биде одбележан со грандиозна воена парада на Црвениот плоштад.

На парадата оваа година ќе маршираат 13.000 пешаци, 190 единици од најсовремената воена техника, а својата премиера ќе ја има BMPT-терминатор (оклопното возило за блиска поддршка на тенковите и пешадија), најновиот ракетен комплекс „Кинџал“, како и беспилотниот роботски комплекс.

Scroll to Top