(Видео) Му се блокирале предните тркала за време на слетувањето

Педесет и три лица се повредени, меѓу кои едно потешко, за време на принудното слетување на еден авион на авиокомпанијата од Саудиска Арабија, „Саудие“, во понеделникот вечерта.

На авионот му се блокирале предните гуми, објавиле во вторникот тамошните власти.

„Ербас А330“ полетал од Медина, на западот на Саудиска Арабија, во правец на Дака, со 141 патник и 10 члена на екипажот, но пилотите набргу ја забележале грешката во хидрауличниот систем, објавило Одделението за истрага на саудискиот цивилен авиосообраќај.

Видеоснимката на социјалните мрежи прикажуваат како авионот слетува на трупот.

„Патниците се евакуирани. 52 лица се полесно повредени, а една патничка претрпела повеќе скршеници, па веднаш ѝ била укажана медицинска нега“, пишува во соопштението од истрагата што го цитира службената агенција СПА.

Scroll to Top