На денот кога Лондон ја одбележува годишнината од страшниот пожар во кулата „Гренфел“, во која настрадале 71 лице, избил пожар во 20-катница во другиот дел на градот.
Речиси 150 лица се евакуирани од зградата пред да пристигнат противпожарните служби.
Tower on fire at Lewisham 😩 #fire #lewisham #romacorte #london pic.twitter.com/blytNWiV87
— Gasp (@Lunacyfer) 14 June 2018
Според првичните информации, пожарот избил рано утрото на балконот во стан на 13. кат, кој бил изгаснат за два часа.