(Видео) На Медлин Олбрајт ѝ скандинираа дека е убиец на деца и воен злосторник

Поранешната американска секретарка Медлин Олбрајт одржала промоција на својата нова книга „Фашизам: предупредување“ во еврејската заедница Бет Елоим во населбата Бруклин во Њујорк.

Промоцијата сепак е прекината кога демонстрантите во публиката викале дека авторката е воен злосторник.

Настанот не бил медиумски најавен ниту, пак, претставниците на медиумите биле присутни.

Олбрајт говорела и за пропаста на американската демократија и издигнување на фашизмот, а самата промоција на книгата претставувала вовед во нејзината политичка турнеја, која планира да ја спроведе во Соединетите Американски Држави. Поранешната секретарка во новата книга ги изнела своите ставови за поранешните фашистички режими во кои и пораснала, моментната власт во Америка и претседателствувањето на Доналд Трамп со земјата.

Настанот, иако не бил медиумски најавен, се одржал пред демонстрантите. Своето негодување го изнеле и членови од еврејската заедница Бет Елоим, а неколкумина пронашле начин и да се најдат во публиката.

Организатор на протестот бил Интернационалниот акционен центар.

Обраќањето го прекинале протестантите, кои ја нарекле воен злосторник, дека е виновна за геноцидот извршен на Блискиот Исток и дека е одговорна за смртта на непознат број цивили, а познато е дека станува збор за бројка поголема од 500.000 детски животи.

Книгата „Фашизам: предупредување“ содржи и нејзино согледување на војната во Југославија, војната во Косово, власта на Милошевиќ, нарекувајќи го српскиот народ најголем злосторник и виновник за тогашните конфликти во регионот.

Оправдувањето за НАТО-агресијата над српскиот народ го изнела во истиот дел од книгата опишувајќи дека одлуката за интервенција ја донеле тогашниот претседател Клинтон и таа.

„Во текот на третата година од службата како државен секретар, претседателот Клинтон и јас ја почувствуваме должноста да ги искористиме националните безбедносни средства што ни беа на располагање и да го спречиме губењето на сè поголемиот број жртви. По состанокот со европските колеги, извршивме притисок врз српскиот лидер да пронајде мирен начин за излез од кризата. Му соопштив дека НАТО, исто како и во Босна, е подготвен да изврши воздушен напад со цел да ги заштити цивилите. Во планот што го развивме, на Косово требаше да му биде доделена автономија, како и разоружување на ОВК, а нивното барање за независност е ставено на чекање. По малку колебање, косовските Албанци се согласиле на договор, а договорот да биде склопен, моравме да ги убедиме и луѓето од Белград како Милошевиќ“, тврди таа во книгата.

Како причина за бомбардирањето на Југославија наведена е и тврдоглавоста на Милошевиќ и одлучноста Косово да остане дел од Србија. Авторката ја спомена и директивата на Милошевиќ за интервенција на силите на безбедност на Косово со цел протерувања на албанските жители за да не живеат повеќе на таа територија.

 

Scroll to Top