(Видео) На венчавка во Индија 13 гости загинале кога пропаднале во бунар

Најмалку 13 лица загинале за време на една венчавка во северна Индија во државата Утар Прадеш. До несреќата дошло откако гостите меѓу кои имало и деца паднале во бунар. Полицијата соопшти тие седеле на метална плоча која го покривала бунарот.

Во еден момент плочата попуштила од големата тежина, пренесува „Би-би-си“. Другите гости побрзале да ги спасат и да ги однесат во блиската болница.

Трагедијата се случила во средата вечерта за време на традиционалната церемонија „халди“.

Scroll to Top