(Видео) Над сто загинати кога глечер од Хималаите урна брана во Индија

Над сто луѓе се загинати, а десетици се водат за исчезнати кога дел од глечер на Хималаите се откачил и погодил брана во Индија.

Според светските медиуми, засега седум тела биле извлечени од поплавите, а премиерот на државата Утараканд, на северот од земјата, изјавил дека околу 125 лица се водат како исчезнати, пренесува „Ројтерс“.

Надлежните стравуваат дека бројката на загинати достигнала до 150. Голем дел од локалното население е принудено да се евакуира.

Сведоци на оваа непогода велат дека гледале како ѕид од прашина, камења и вода како лавина се урнал во реката. Велат дека сè се случило многу бргу и немало време никој да биде информиран.

„Сè се случи многу бргу. Немаше време никој да биде известен. И јас помислив дека водата ќе ме однесе“, изјавил Санџај Синг Рана, кој живее во селото Раини, за „Ројтерс“.

Населението е исплашено дека луѓето што работат на изградбата на блиската хидроцентрала загинале, како и луѓето од блиското село, кои ја воделе стоката до реката.

„Немаме претстава колку луѓе навистина се исчезнати“, додал Рана.

На социјалните мрежи се појави и снимка како водата носи делови од браната и сè што ќе ѝ се најде пред неа.

Scroll to Top