(Видео) Најевтиниот хотел во светот е во Белорусија, ноќевање чини 4 долари

Коронавирусот зароби стотици илјади луѓе во своите домови, а многумина последен пат патуваа во 2019 година. Многу луѓе само фантазираа и читаа за своите патувања во последните месеци. Една приказна на „Јутјуб“ овие денови е повторно актуелна и е поврзана токму со патувањата.

Снимено е од сопственикот на јутјуб-каналот Bald and Bankrupt, Бенјамин Рич, кој ја почна својата голема кариера на „Јутјуб“ со снимање влогови во земјите на поранешниот СССР. Едно од најгледаните видеа на каналот е она за најевтиниот хотел во Европа, што Бенјамин го посети во 2019 година. Хотелот се наоѓа во едно мало место во Белорусија и е толку евтин што воопшто нема име, вели Рич. Хотелот се вика „Хотел“. Цената за една ноќ е 4 долари и 10 центи.

Scroll to Top