(Видео) Најголем аплауз на Вимблдон доби професорката Сара Гилберт, која ја разви вакцината на Оксфорд и „Астразенека“

 Професорката на Универзитеот Оксфорд, Сара Гилберт, која стои зад тимот кој ја разви вакцината против ковид-19, на Оксфорд и „АстраЗенека“, денеска доби аплауз од публиката на тенискиот турнир Вимблдон во Лондон. Публиката ѝ оддаде почит аплаудирајќи и речиси една минута.

Сите станаа и пчонаа со овации и аплаузи, откако официјалниот спикер, пред мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Џејк Дрејпер, соопшти дека таа е присутна во Кралската ложа на централниот терен.

Турнирот беше откажан минатата година, поради пандемијата со ковидот, а годинава сите кои сакаат да присуствуваат на мечевите, ќе мора да покажат дека примиле две дози вакцини или негативен ПЦР тест. Задолжително е и носењето на маски, но, истите можат да и извадат за време на мечот.  За потсетување, Ѓоковиќ победи со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 на мечот од првото коло.

Scroll to Top