(Видео) Најголемиот авион на светот првпат ќе полета во 2019 година

Најголемиот авион на светот, „стратолонч“има распон на крила од 117 метри, должина од 73 метри и тежина од 230 тони, а тестиран е на пистата на аеродромот Мохава, во американската сојузна држава Калифорнија.

„Хина“ пренесува дека видеозаписот на кој е снимено ова тестирање на „Твитер“ го објавил сопственикот на компанијата „Стралонч систем“ и основач на „Мајкрософт“, Пол Ален.

Ален напишал дека „стратолонч“ е изнесен од хангарот на пистата на аеродромот Мохава и дека успешно ги минал првите тестови.

На видеоснимката се гледа како огромен двотрупен авион со шест мотори се движи низ пистата, постепено забрзувајќи, но не полетува.

Се наведува дека истиот е дизајниран како воздухопловна платформа за лансирање ракети кои би испраќале опрема во ниската Земјена орбита.

Според пресметките, може да пренесе 250 тони товар, а првото тестирање на летот се очекува во 2019 година.

Видете го видеото:

Scroll to Top