(Видео) Најголемиот крузер на светот го почна своето прво патување

Најголемиот крузер на светот, „Морска симфонија“, по тригодишната изградба, ќе почне со пловидба низ Медитеранот. Тоа ќе биде неговото прво патување по изградбата, која започнала во Барселона.

Сопственикот на компанијата „Ројал Карибијан“, како што пренесува „Си-ен-ен тревел“, вели дека најголемиот крузер на светот е долг повеќе од 362 метра, а може да прими околу 6.680 гости, 2.200 работници на бродот, што е речиси околу 9.000 луѓе.

Овој импозантен пловен објект располага со 22 ресторана, 24 базени и 2.759 кабини.

Бродот има 18 палуби, објаснува Јеунг и прави сите присутни да се чувствуваат пријатно и да не се чувствуваат дека бродот е претрупан со луѓе.

„Како зграда е, зарем не? Постојат 24 лифта и седум дела. Секој дел има сопствена специфичност и со самото тоа тенденцијата е природно да ги подели патниците“, вели Јеунг.

Меѓу таквите делови на бродот, на пример, е и солариумот за возрасни или „Централ парк“, украсен со 20.000 тропски билки, а има и воден парк.

Овој брод овозможува низа возбудливи услуги, меѓу кои и лавиринтот со симулации за сурфање, но круна на сето ова е „Ултимативниот амбис“, најголемиот тобоган на крузерот направен некогаш, кој се наоѓа на речиси 46 метри над нивото на морето.

Спуштањето од врвот на тобоганот до дното трае 13,14 секунди

На бродот се наоѓаат танчарски и музички уметници, кои со своите настапи им овозможуваат на присутните дополнително уживање.

Кога станува збор за сместувањето, на првото место се наоѓа „Ултимативниот семеен апартман“, кој е на две нивоа. Во детскиот дел, кој е со разновидни бои, сместени се тобоган, приватно кино, маса за пинг-понг и ѕид од лего-коцки.

Од друга страна, делот за возрасни е дуплекс за осум лица, кој излегува на приватен балкон со џакузи, а доколку гостите побараат, добиваат и личен батлер, кој води сметка за целото семејство, како и личен фотограф.

Оваа година бродот, кој своето прво патување го започнал од Барселона, ќе патува до Палма де Мајорка, италијанскиот град Фиренца, Пиза, Рим и Неапол, а наесен прекуокеански ќе плови до Мајами на Флорида, по што ќе го започне крстарењето на Карибите.

 

 

Scroll to Top