(Видео) Најнадежниот кандидат падна на првото прашање во „Кој сака да биде милионер“

Студентот по медицина Брентон во квизот „Кој сака да биде милионер“ паднал уште на првото прашање, кое требало да му донесе 500 долари.

На почетокот Брентон му рекол на водителот дека е кул да се биде паметен и дека се гордее на тоа.

Сепак, по првото прашање, квизот завршил за него, а веднаш потоа корисниците на „Јутјуб“ почнале да се шегуваат на негова сметка.

Пред да почне да одговара на прашањата, момчето им се обратило на гледачите.

„Се сеќавам дека како дете го гледав квизот ‘Милиоенер’ и ми беше феноменално што десет милиони луѓе ја гледаат емисијата за паметни луѓе. Можеби не е толку лошо да се биде паметен, можеби е кул да се биде паметен“, рекол Брендон на почетокот во квизот.

Тогаш водителот му го поставил прашањето што требало да му донесе 500 долари, но Брентон го погрешил одговорот.

Многумина го коментирале неговиот настап,  едни сметале дека прашањето било глупаво, додека други дека вакви работи не ги учат во медицинското школо.

Scroll to Top