(Видео) Најтврдоглавите сопственици на имоти одбивале да се преселат иако им нуделе милиони

Голем број сопственици на куќи и згради одбивале да ги продадат своите земјишта и имоти иако им биле давани од државата милиони долари и по неколку станови.

Таков е случајот со 3 семејства во Кина, кои одбиле да се иселат од зграда околу која бил планиран кружен тек. На крајот државата решила да го изгради околу нивната зграда, а тие останале да живеат среде сообраќајниот метеж. Велат дека не им пречел.

Друг случај е со еден сопственик на кафе бар во Франција. Тој одбил да се исели кога почнјала да се гради огромна зграда. Неговиот локал имал изглед како од 70-те години од минатиот век, но, упорно одбивал да се пресели, иако неговите клиенти веќе се селеле во друго кафуле.

Кога Рокфелер ја изградил својата голема зграда, двајца мажи, сопственици на две мали куќи покрај градилиштето, одбиле да ги продадат своите куќи за помалку од 2,5 милиони долари. Рекле дека не им одговара цената, па нивните куќи останале недопрени кога зградата била изградена.

Друг сличен пример е со тврдоглави сопственици во Кина кои одбиле да се иселат и да ја продадат куќата, иако нивното вело маало било претворено во автопат.

Ова се дел од најчудните приказни за тврдоглавите сопственици кои не сакале да се откажат од семејниот дом, и покрај милионите кои им биле понудени да се преселат.

Scroll to Top