(Видео) Најубавиот ден ѝ се претвори во пекол, невеста едвај се спаси од експлозијата во Бејрут

На социјалните мрежи се шират разни видеа и фотографии од вчерашната експлозија која се случи на улиците во Бејрут, Либан. На едно од видеата се гледа како една невеста насмеана позира за својата свадбена фотографија.

Во тие моменти зад неа се случи страшната експлозија. Во моментот на експлозијата одлетаа нејзиниот фустан и букетот, а камерата ги сними чадот и урнатините околу неа настанати од детонацијата.

Во тие моменти невестата и младоженецот почнаа да бегаат низ улицата која набргу беше покриена со урнатини и чад.

Сè уште не се знае причината за страшната експлозија во Бејрут, која го зави Либан во црно. Има сомнеж дека причината е натриумнитрат, кој се складирал на тоа место.

Според последните податоци, во експлозијата загинаа најмалку 100 луѓе, а повредени се повеќе од 4.000. Во тек е акција за спасување и пребарување лица за кои се смета дека се изгубени во урнатините. Се претпоставува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.

Целиот свет во овој момент е со Либан и граѓаните на Бејрут, а многу земји ја понудија својата помош.

 

Scroll to Top