(Видео) Наместо тивки молитви, во католичка црква се игра тенис

Уметничкиот проект на американскиот уметник Асад Раза е инсталиран во црквата во италијанскиот град Милан, а им овозможува на луѓето да играат тенис под древните реликвии и фрески од 16 век.

Американскиот уметник Асад Раза, кој стои зад овој уметнички експеримент, ја нарече својата изложба „Без име (причина за дијалог)“.

Тениското игралиште изградено во црквата во Милано „Chiesa San Paolo Converso“, инаку поранешна Римокатоличка црква, во моментов се користи како изложбен простор.

Во организација на американскиот уметник Асад Разе, проектот им овозможува на посетителите да земат рекет во рацете и да играат тенис, или само да ја гледаат играта под старите камени кипови и слики.

„За уметникот Асад Разу, играта служи како метод за апсорбирање на енергетскиот погон во симболички нештетната пракса“, стои во описот на изложбата.

Искуството се покажало многу емоционално за посетителите, а неколкумина изјавиле дека уживаат во посебната атмосфера.

„Тоа се чувствува… тоа е лудо, се чини како многу нормална работа да се игра тенис на место на кое треба да се чувствувате сериозни и свечени“, изјави еден од играчите.

„Тоа е супер, многу се забавував. Мислам дека секој треба да проба, да игра тенис во црква“.

Иако ваквата идеја кај некои предизвика само подигање на веѓите, уште еден машки посетител изјави дека ова претставува уникатно искуство, и дека со срце им го препорачува на сите.

Црквата „San Paolo Converso“ има барокна фасада која е дизајнирана од страна на италијанскиот сликар и архитект Џована Батиста Цреспи. Таа е изградена во 16 век, но на почетокот на 19 век е сквернавена под наредба на Наполеон.

Таа била користена на разни начини како складиште, концертна сала и студио за снимање. Црквената зграда во моментов е во сопственост на дизајнерската компанија ЦЛС Архитект.

Scroll to Top