(Видео) Напад пред Белата куќа, приврзаници на Трамп биле избодени со нож

На социјалните мрежи се појави снимка од напад во близина на Белата куќа во Вашингтон, во кој повредени се неколку лица, кои се дел од десничарите.

Американските медиуми објавија дека четворица мажи поврзани со десничарската група Proud boys, наводно, во средадата рано наутро во Вашингтон се ранети и избодени со нож додека ја славеле победата на Доналд Трамп во близина на Белата куќа.

NBC News, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека четворицата се згрижени во болница и дека нивните повреди не се опасни за животот.

Водачот на Proud boys, Енрике Тарио, изјавил дека бил прободен во стомакот, а неговата колешка Бевелин Беати добила удар во грбот.

Тарио тврдел дека неговата група била нападната кога тргнале да му помогнат на постар маж, кој исто така бил нападнат.

Според пишувањата на Newsweek, напаѓачите биле Афроамериканци.

Scroll to Top