(Видео) НАСА ќе му плати на Илон Маск милијарди долари за да однесе луѓе на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА ја избра компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск, за изградба на летала со кој ќе може да се испраќаат луѓе на Месечината.

Возилото треба да пренесе еден маж и една жена на Месечината, во рамки програмата на НАСА, „Артемис“. Таканаречените „лендер“ летала, се засновани на моделот „Старшип“, кој го произведува компанијата на Маск.

Моделот е планирано да се тестира во јужен Тексас. Компанијата на Маск, за оваа улога се избори, но, имаше сериозна конкуренција. На крајот доби договор од 2,89 милијарди долари.

„Артемис“ програмата е покрената уште во време на администрацијата на Трамп и има за цел да однесе луѓе на површината на Месечината до 2024 година, но, поради недостиг на средства, тој план сега е променет.

Маск веќе со години работи на развој и унапредување на „Старшип“ дизајнот и оваа ракета е клучна компонента на неговите долгорочни планови за да ја насели Месечината, пренесува „Би-би-си“. До тогаш, леталото ќе служи за да ги пренесува астронаутите од лунарната орбита, на површината на Месечината.

Scroll to Top