(Видео) Не можела повеќе да се грижи за своето бебе, па го оставила пред домот на девојката на своето поранешно момче

By

Американката Мелиса Кели (33) од Флорида е обвинета за занемерување на своето бебе. Таа го оставила пред домот на девојката со која се забавувал поранешниот нејзин дечко Клејтон Зинк.

Безбедносната камера од куќата го снимила целиот настан. Безбедносните камери на куќата ја снимиле Кели со бебето како ѕвони, а потоа се оддалечува од вратата.

Патрисија Тилман е жената пред чија куќа била оставено детето. Таа повикала полиција кога Кели се оддалечила од нејзината врата.

Патрисија на полицијата ѝ кажала дека Кели ненадејно ѝ се појавила пред вратата на куќата во неделата вечерта. Ѝ кажала да не го допира детето затоа што има шуга.

Таа изјавила и потврдила дека нејзината ќерка и Зинк биле заедно и во врска. Тамошните медиуми пренесуваат дека Кели наводно ѝ рекла на Патрисија да не се грижи и дека Зинк ќе дошол да го земе бебето. Но, тој никогаш не се појавил.

Покрај бебето, таа оставила и празно шише, две валкани пелени, како и конзерва со бебешка храна. Патрисија на полицијата ѝ кажала дека никогаш претходно не знаела за Кели и дека до тој момент таа не знаела ништо ниту за неа ниту за бебето.

Полицијата ги известила и родителите на Зинк, но тие одбиле да го земат детето. Локалните медиуми пренесуваат дека Кели испратила порака и до своето семејство, во која им напишала и ги молела да не ја принудуваат да го фрли своето бебе во ѓубре.

Медиумите пренесуваат дека Кели, откако раскинала со Зинк, му се заканила дека ќе се убие. Полицијата го следела нејзиниот телефон и пронашла каде се крие во шумата. Таа сега е уапсена, а социјалната служба ја презела грижата за бебето.

 

Ќе ви се допадне

https://animebee.to anime online

AnimeFLV: Timbre A to Z anime episode Full online free at https://animeflv.uk watch anime dub

GoGoAnime: Michiko & Hatchin anime episode 22 online free at https://gogoanime.be gogoanime twitter

Website https://kissanime.mx: Watch Akame ga Kill! (Dub) kissanime Episode 24 promare kissanime

Facebook: https://www.facebook.com/gogoanimelol/

Bigpictureclasses: https://www.bigpictureclasses.com/users/animefreakws