Двојката од Сингапур Џозеп Јев и Канг Тинг, решиле да направат венчавка на која нема да присуствуваат, за да не ги заразат гостите со опасниот коронавирус. Тие се вратиле од Кина неколку дена пред венчавката која била заканажа за 2 јануари. Некои од гостите исплашени дека можат да се заразат, го откажале своето присуство.
Јев и Тинг тогаш одлучиле да направат забава на која ќе бидат само гостите, а тие ќе ги дружат преку видео бим во собата од хотелот. Одржале и здравица пред 110 од 190 поканети гости.
„Би-Би-Си“ пренесува дека Канг Тинг потекнува од кинеската провинција Хунан, која се граничи со провинцијата Хубеи, во која дошло до појава на епидемија. Тие биле во Кина на 24 јануари, за да ја поминат Лунарната Нова година со нејзиното семејство. Досега во Сингапур се забележани 33 случаи на зараза.