(Видео) Негувателка од Тајван не сакајќи задушила бебе додека се обидувала да го заспие

Воспитувачката Лиао од Тајван се соочува со обвинение за убиство  откако не сакајќи загушила едно од бебињата за кои се грижела во градинката во местото Тајпеј во Тајван.

Негувателката се бранела дека се обидувала да го заспие единаесетмесечното бебе и дека била несвесна дека го притиснала толку силно оставајќи го без воздух.

Кога престанало да мрда, Лиао помислила дека бебето заспало, па почнала да си игра со другите деца. Мртвото бебе било најдено од куварот Ву. Тој се обидел да го разбуди, а потоа повикал полиција.

Лиао била ослободена со кауција од 30.000 тајвански долари, околу 870 евра. Истрагата е продолжена, а за денеска е закажана и обдукција.

 

Scroll to Top