(ВИДЕО) Нејзините нокти се долги 5.5 метри – Никој не знае како се облекува и оди во ВЦ

Постојано го привлекува вниманието поради своите нокти, а нејзиното семејство и пријатели не гледаат ништо лошо во тоа.

Една жена во Тексас ги има најдолгите нокти на светот, чија вкупна должина изнесува 5,5 метри. Ајана Вилијамс живее во Хјустон и се занимава со украсување на нокти, а сега влезе во Гинесовата книга на рекорди за 2018 година, пренесува Дејли Мејл.

Повеќе од 23 години ги пуштала своите нокти, а на тој чекор ја инспирирала нејзина пријателка. Вели дека има намера да продолжи да ги пушта.

Една од најпредизвикувачките работи која е врзана за ваквите долги нокти е облекувањето на панталоните, а за да ги украси, потребни и се недела дена.

Постојано го привлекува вниманието поради своите нокти, а нејзините семејство и пријатели не гледаат ништо лошо во тоа.

За да се грижи за своите нокти, Ајана користи антибактериски сапун и четкичка со кои секојдневно ги чисти.

За да помогне за да пораснат, таа редовно користи средство за зацврстување на ноктите и тенок слој на акрила.

„Сакам моите деца да научат да можат да го постигнат сето тоа што во животот го имаат замислено. Потребно е да имате храброст, дисциплина, трпение, и се може да се постигне“, ги наведе таа како причини во пријавата која ја поднесе за Гинис.

На социјалните мрежи главните прашања кои и беа поставени беа – како се облекува, како се грижи за личната хигиена, како оди во ВЦ…

Погледнете го видеото:

 

 

 

Кое прашање вие би и го поставиле на нејзе?

 

Scroll to Top