(Видео) Нема одмор за Ѓоковиќ, престојот во Босна го искористи за дополнителен тренинг

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, деновиве заедно со неговите родители, татко му Срџан и мајка му Дијана, е во посета на Босна и Херцеговина. Новак вели дека се обидува времето во соседната земја максимално да го искористи за прошетка, но и дополнителни тренинзи.

Досега во неколку наврати ја обикол и вели дека е воодушевен од природната убавина и знаменитостите кои ги нуди Босна.

По краткиот престој во Сараево, Ѓоковиќ посети неколку манастири, меѓу кои и Свети Прокупље, а беше и во посета на преубавата планина Јахорина. Тенисерот  добил плац од општината Пале на планината, а претседателот Милорад Додиќ му додели највисоко одликување.

Ѓоковиќ можеше да ги види убавините и од воздух, леташе над земјата со хеликотер. Тој го искористи престојот и за дополнителен тренинг. Заедно со татко му носеа дрва низ планината, додека Дијана ги снимаше.

„Не можевте да одберете пострмна патека. Ајде доста е. После сè ќе ве боли“, им викаше Дијана на Ѓоковиќ и Срѓан.

Scroll to Top