(видео) Нетфликс најави нова документарна серија

Нетфликс го најави новиот документарен серијал во шест епизоди наречен „Rotten“ (Труло) во кој ќе ни покажат што јадеме.

– Прехранбената индустрија е на удар, кризата е глобална. Нашите тела ја одбиваат храната која ја јадеме, а дури ни експертите не знаат што се случува, се вели во најавата.

Серијата ја третира храната како совршен криминал, при што навлегува длабоко во подземјето за производство на храна и открива корупција, димензиите на проблемот со отпадот од храна и непосредните закани за нашите секојдневни навики во исхраната.

– Во свет во кој големите ланци на снабдување се се повеќе испреплетени и консолидирани, оваа серија започнува на вашата чинија и оди по патот на парите и открива шокантни последици – свесно или несвесно донесени регулативи, иновации и лакомост.

Зад серијата стои тимот „Zero Point Zero“, продукциска куќа која е автор на неколку кулинарски ТВ емисии.

Секоја од епизодите ќе одработува одредена суровина, односно индустриска гранка, вклучувајќи го и глобалниот бизнис со мед.

Scroll to Top