Невеста во Бејрут позира на својата венчавка пред хотел во кој треба да се одржи свадбата во моментот кога се случува страшната експлозија, која однесе 135 животи, а илјадници беа повредени.
Исраа Себлани (29) стои пред хотелот „Ле Греј“ со својот сопруг и позира во венчалниот фустан пред фотограф кога се случува експлозијата, а наоколу пукаат стакла. Камерманот потоа ги снима како сите влегуваат во хотелот да се скријат.
Младенците дошле од САД да се венчаат во родното место и да ги прослават среќните моменти. Но, се случува експлозијата, а невестата, која е докторка, потоа заминува да им помогне на повредените, пренесува „Гардијан“.
До експлозијата дојде поради лошо складирање на амониумнитратот во пристаништето.