Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на вчерашниот самит во трговско-изложбениот центар „Сантек“ во Сингапур бил замолен да мине низ детекторот за откривање метал.
И покрај тоа што детекторот заѕвонел, никој не се осмелил да го запре Путин и да провери какви метални предмети рускиот претседател крие во своите џебови.
Вчера во Сингапур беше одржан самитот Русија-AСЕАН, а денеска почнува Источноазискиот самит.