Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ објави видео на кое е маскиран како Дедо Мраз. Тој ги израдува неговата ќерка Тара и синот Стефан и им посака на сите Среќна нова година.
„Среќна нова година и божиќни празници од Дедо Мраз. Се извинувам, не го земав ѕвоното, па морав да импровизирам. Еве ви ги подароците. Ирвасите ме чекаат. Голем поздрав и догледање“, изјави Ѓоковиќ.
Тој им посака на сите среќна нова година на сите.
„Многу среќа, здравје и љубов во секоја мисла, дело и чувство“, напиша Ѓоковиќ.
View this post on Instagram