За време на протестите во САД, новинар бил погоден со гумен куршум од страна на американската полиција. Репортерите кои се нашле на местото на настанот и кои ги следеле протестите се нашле на удар на американската полиција, пренесуваат светските медиуми. Сударот настанал и откако новинарите се идентификувале.
Новинарите иако имале новински легитимации, прес картички и камери со себе биле на мета на полицијата. Полицијата ги гаѓала во рацете, вратот и лицето иако знаат дека тие се заштитени со Првиот амандман од Уставот на Соединетите Американски Држави.
Еден од нив беше застрелан со гумен куршум во главата, пренесува „Ал Џезеира Балкан“. Ден претходно, во Минеаполис беше приведен новинар на „Си-Ен-Ен“, додека во живо известувал за протестите. Неговото апсење било забележано и снимено од неговиот камерман.
Непријатно искуство имала и новинарка на „Лос Анџелес Тајмс“.
„Во рацете држев бележник, кога полиција тргна кон мене. Се идентификувавме како новинари, а тогаш кон нас фрлија солзавец“, изјавила таа.
За потсетување, во Америка се случуваат немири откако полицаецот Дерек Шовен го угуши невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, додека го приведувал. Шовен сега е обвинет за убиство од трет степен.