Новинар од Никарагва бил убиен додека известувал во живо за антивладините демонстрации.
Анхел Гахона настаните од протестот ги пренесувал во живо на Фејсбук, а додека ги опишувал насилнтие демонстранти, како го оштетуваат банкомат, се слушнале пукотници.
Гахон кој бил погоден во глава паднал на земја, додека неговите пријатели почнале да довикуваат по помош.
Во следниот момент се гледа како луѓето трчаат кон него за да му укажат помош. Не се знае кој пукал во него, а весникот „La Prens“ наведува дека вооружани биле и полицијаците, но и група на луѓе кои се бореле против протестантите.
Este es el colega Ángel Gahona. Su muerte quedó grabada en el Facebook Live que realizaba. Transmitía el enfrentamiento entre policías y ciudadanos de Bluefields. Antes de ser impactado dijo: “Viene la Policía, vamos a buscar dónde refugiarnos”. Se cruza la calle y cae pic.twitter.com/UF9Au75WXD
— Wilfredo Miranda Aburto (@PiruloAr) April 22, 2018
Во Никарагва од средата траат протести против владините планови за намалување на пензиите и работничките права, а сето тоа е предизвикано од големата криза на државата на чие чело е Даниел Ортега.
Црвениот крст проценува дека барем шестмина се убиени од почетокот на протестите, додека локалните медиуми јавуваат дека има 25 мртви меѓу кои и 17 годишно момче.