(Видео) Ново полициско убиство во Америка

Во пукотници во Сан Бернардино, во кои учествувала полицијата, убиен е Хиспаноамериканец. Во саботата околу девет часот, полицијата добила повик дека белец, за кого подоцна се испоставило дека е Хиспоноамериканец, се заканува со оружје, пренесува „Си-ен-ен“.

„Полициската патрола пристигна и го лоцираше осомничениот кој одговараше на описот. Осомничениот во тој момент имал во себе црн револвер“, навела полицијата во соопштението на „Твитер.

Како се додава во соопшнието, почнале пукотници во кои осомничениот бил погоден и ранет, а подоцна во полицијата, тој им подлегнал на повредите.

Видео снимката од инцидентот е поставен на „Јутјуб“ и покажува дека истиот се случил во продавница на пумпа, додека полицијата му вели да го фрли оружјето, пред и откако се случиле пукотниците.

Scroll to Top