(Видео) Ново убиство на Афроамериканец во САД

Во Америка се случи ново полициско убиство на млад Афроамериканец. Синоќа во Вашингтон полицајците го убија Дајон Кеј, осумнаесетгодишно момче, со образложение дека им се заканувал со огнено оружје.

Овој најнов случај на полициско убиство на Афроамериканец предизвика нови протести ширум САД, но и ново преиспитување на полициските тактики.

Како што пренесува агенцијата „Асошиетед прес“, пред полициската станица во југоисточен Вашингтон синоќа се собрале голем број  револтирани граѓани, а нешто подоцна дошло и до пресметка меѓу демонстрантите со припадниците на полициските служби.

Во полицискиот извештај е наведено дека 18-годишниот Кејн бил идентификуван како лице кое побегнало кога му се доближила полицијата, која ја истражувала пријавата за вооружено момче, видено во еден кварт во југоисточен Вашингтон.

„За време на потерата, еден осомничен мавтал со пиштол, по што еден од полицајците почнал да пука и го погодил Дајон Кеј“, е наведено во соопштението на полицијата во Вашингтон.

Кеј веднаш бил префрлен во најблиската болница, каде брзо потоа им подлегнал на повредите. Локалниот огранок на организацијата „Животите на црнците се важни“, ги повика граѓаните веднаш да излезат на протести, а на видеоснимките кои подоцна биле поставени на социјалните мрежи може да се видат полицајци како поставуваат велосипеди како бариера спроти бесните и револтирани граѓани.

Scroll to Top