(Видео) Објавен нов трејлер за „Последниот џедај“

Еден од најдолгоочекуваните филмови оваа година е „Војна на ѕвездите епизода 8: Последниот џедај“. Режисер на филмот е Рајан Џонсон, кој веднаш по објавувањето на последниот трејлер им порача на фановите: „Не гледајте го ако не сакате да дознаете премногу“.

Промоцијата на филмот е закажана за 15 декември. Во главните улоги настапуваат Марк Хамил, Дејзи Ридли, Џон Боега, Адам Драјвер и други.

Scroll to Top