(Видео) Објавен трејлерот за документарниот филм за Михаил Шумахер

Нетфликс го објави трејлер за документариот филм за еден од најпознатите возачи на Формула 1, Михаел Шумахер, кој ќе се емитува од 15 -ти септември.

Филмот е базиран врз неговата долгогодишна кариера, како и неговиот приватен живот. Свој придонес него имаат неговата сопруга и нивните деца, вклучувајќи го и Мик Шумахер, актуелниот возач на Формула 1 за Ф1 тимот Хаас, таткото на Шумахер, како и возачот на Астон Мартин на Светското првенство во Формула 1, Себастијан Фетел.

Во текот на својата кариера тој освои 91 победа и седум светски шампионати.

Во 2013 година Шумахер си го повреди мозокот во скијачка незгода, а тој сè уште е во фаза на опоравување.

 

Scroll to Top