(Видео) Објавена листата на 100 најубави жени на светот

„Индепендент критикс“ веќе 28 години со ред ја објавува листата на најубавите жени на светот, што е и своевиден стандард за убавина.

Тимот што стои позади овој проект нагласува дека тие не бираат исклучиво познати личности, ниту пак се фокусираат на сексапилни тела. Нивата желба е јавноста да ја запознаат со убавиците кои поседуваат елеганција, грациозност, но и страст која што избива од нив.

 На прво место на листата се наоѓа глумицата Лајза Соберано, која според жирито е жената со најубаво лице во светот. После неа следуваат Тилан Блондо, француската манекенка која што пред десет години беше прогласена за најубаво девојче на светот. На третото место е тајванската пејачка Чоу Цу-Ју.

Помеѓу ѕвездите на листата се наоѓаат актерките Ема Вотсон, Марго Роби, Натали Портман, а од регионот во топ 100-те најубави жени се најде српската пејачка, јутјуберка и манекенка Марија Жежељ. 18-годишната Србинка е на 80. место, а зад неа се ѕвезди како Моника Белучи и Кира Најтли.

Scroll to Top