(Видео) Огромен алигатор влегол во семеен базен во Флорида

Семејство од Флорида испаничило кога во својот затворен базен затекло неповикан гостин, огромен алигатор.

Веднаш се јавиле во канцеларијата на шерифот во Сарасоти и побарале помош.

Ѕверот долг 3,4 метри успеал да ја искрши стаклената врата и да стигне до базенот, за кој семејството мислело дека е добро затворен.

Во фаќањето на алигаторот, на полицијата и помогнало и друштвото за заштита на дивите животни, а снимката од акцијата е објавена на социјалните мрежи.

Најчесто меѓу коментарите можеше да се забележи дека станува збор за ноќен кошмар на жителите на Флорида и дека луѓето добро треба да погледнат во своите базени пред да влезат во нив.

 

Американскиот алигатор може да порасне и до 4,6 метри со тежина и до 450 килограми.

Во сојузната држава Флорида и Луизијана живеат најголем број од овие рептили и ги има околу еден милион единки.

 

Scroll to Top