(Видео) Огромен кит виден во Средоземното море

Италијанската крајбрежна стража за време на патролата со хеликоптер, забележала кит долг 20 метри во близина на островот Елба во тосканскиот архипелаг во Средоземното море.

Тие ја објавија снимката на социјалните мрежи, наведувајќи дека китот е забележан во периодот кога ццачите ги напуштаат водите во близина на крајбрежјето на Лампедуза и од пет до седум дена стигнале до Пелагос во Лигурското море, каде се наоѓа засолништето на поголемиот дел морски цицачи.

Тие се собираат во крајбрежјето на Лигурија, Тоскана, Корзика и Елба. Неколку дена претходно, биле видени два кита кои пливале еден покрај друг на југот меѓу крајбрежјата на Калабрија и Сицилија.

Забраната за движење на траектите и бродовите поради пандемијата на коронавирусот, им овозможија слобода во Месинскиот Проток.

 

 

 

Scroll to Top