(Видео) Огромна дупка се отвори на фарма во Нов Зеланд

Дупка во должина на два фудбалски терени и длабока како шестокатница се отворила на една фарма во Нов Зеланд.

Агенцијата АП пренесува дека огромната бездна ја открил Колин Тремејн, кој работел на една фарма. Ја забележал  во раните утрински часови, додека ги собирал кравите на фармата во близина на градот Ротору на северниот дел на Островот.

Дупката се појавила неколку дена по големите врнежи.

Тремејн изјавил дека не сфатил колку е голема дупката сè додека не заврнало, и додал дека бездната настанала поради тоа што на тоа подрачје доаѓа до големи потреси во подземјето.

Вулканологот од Нов Зеланд Бред Скот  изјавил дека дупката е трипати поширока од сите што дотогаш ги видел.

Тремејн планирал да постави ограда за стоката да не падне во неа.

 

Scroll to Top