(Видео) Осуденик пред смртна казна ги насмеал новинарите

Ситуацијата во која човек е свесен дека следната реченица ќе му биде последна во животот, сигурно нималку не е пријатна.

Човек би очекувал да последните зборови кои тогаш ќе ги изговори да биде жалење поради пропуштените можности, или сторените злосторства. Но, во Америка постоел осуденик на смртна казна кој не сакал да си замине на вообичаен начин. Никој претходно не бил до толку екстремен како Џејмс Френч.

Џејмс Д. Френч, бил последниот американски осуденик кој е погубен на електрична столица пред да биде воведен мораториум на смртната казна, која била на сила од 1972 година, до 1976 година. Погубувањето било извршено на 10 август 1972 година, а тој бил единствениот осуденик на смртна казна таа година.

Френч веќе бил осуден на доживотна робија, затоа што во 1958 година, убил мотоциклист кој го запрел, стопирајќи на автопат. По една деценија затвор, наводно бил страшно депресивен и суицидален, но немал храброст да изврши самоубиство. Наместо тоа, го убил својот цимер во ќелијата за да државата биде приморана да го „награди“ со смртна казна.

Не поднел никаква жалба на пресудата и наводно се израдувал на сопствената смрт. Еден од новинарите кои присуствувале на извршувањето на казната, напишал дека Џејмс Доналд Френч го добил она што го посакувал, смрт на електрична сотилца“, додавајќи дека „во смртта заминал со истата огорченост како што минал и низ животот“. Имал само 30 години.

Но, тоа не било се! Френч во историјата влегол и како осуденик на смрт со веројатно најоригиналната последна реченица. На електричната столица им рекол на новинарите: „Како ви се чини ова за наслов – Френч фрајс!“

Станува збор за „French fries“ – помфрит, а буквално преведено значи Френч (како што е презимето на осудениот) се пржи“.

 

Scroll to Top