(Видео) Осумнаесет слона најдени мртви во резерват во Индија, настрадале од удар на гром

Во североисточната индиска држава Асам, била пронајдени 18 мртви слонови. Животните биле најдени во заштитениот резерват Кандоли во Нагаона, а државните официјални претставници, соопштиле дека тие настрадале од удар на гром.

Локалното население веднаш ги известиле властите, откако ги нашле животните, јавува „Би-би-си“. Во Индија има повеќе од 27.000 азиски слонови, од кои околу 21% се во Асам. Ова е првпат по 20 години на ова место, да настрадаат толку животни.

Државните официјални претставници, велат дека се загрижени поради овој случај и најавија истрага.

Scroll to Top