(Видео) Откриен фосил на џиновски пингвин

By

Остатоци од џиновски пингвин се откриени во близина на Јужниот остров во Нов Зеланд. Според откриените примероци, пингвинот бил висок околу 1,60 сантиметри, а тежок 80 килограми, известиле од управата на музејот Canterbury.

Новозеландската збирка од големи праисториски животни се зголеми по новооткриените фосилизирани остатоци од праисториските пингвини, за кои се смета дека биле со големина на човек.

„Станува збор за еден од најголемите досега откриени видови на пингвини“, изјавил Пол Скофилт, вработен во музејот, додавајќи дека ваквиот вид на пингвини бил карактеристичен за водите во јужната хемисфера.

Животното кое живеело пред 66 и 56 милиони години, научниците го ставија на списокот на џиновски изумрени видови на новозеландската фауна. На него веќе се наоѓаат најголемиот светски папагал, џиновски орел, лилјак и моа, птица висока околу 3,6 метри.

Засега научниците се без одговор зошто џиновските пингвини исчезнале од водите во јужната хемисфера. Според една теорија, тоа се случило поради се поголемата бројка на морски цицачи.

Според некои научници, пингвините живееле во истата доба со диносаурусите. Исчезнале во истиот период. Некои од нив сметаат дека на Антакрктикот и на Нов Зеланд немале голема конкуренција во морето, се до пристигнувањето на китовите убијци или забестите китови, кои се појавиле многу подоцна.

Поради тоа се чини дека изумирањето на џиновските пингвини е поврзано со растот на бројот на овој вид на животни. Но, околу точната причина за нивното исчезнување, засега голем број научници имаат различни објаснувања.

Денешниот најголем вид на пингвини е царскиот пингвин, кој може да достигне височина од 1,3 метри и тежина до 23 килограми. Фосилните остатоци од џиновскиот пингвин ги открил палеонтолог аматер во 2018 година. Сега членови на стручнен тим од музејот Canterbury и Природниот музеј Senckenberg од Франкфурт ги анализираат неговите коски.

Експертите заклучиле дека овој вид на пингвини припаѓаат на претходно непозната пингвинки вид Crossvallia waiparensis. Најблискиот познат роднина на Crossvallije waiparensisa е Crossvallia unienwillia, видови за ки се смета дека живееле во исто време. Еден ваков примерок е откриен во 2000 година на Антарктикот.

Скофилт вели дека откривањето на овие тесно поврзани пингвини на Нов Зеланд и на Антарктикот упатува и на поврзаноста на тие два делови од планетата. Во времето кога живеел џиновскиот пингвин, Нов Зеланд сеуште бил дел од Австралија, за која се смета дека била поврзана со Антарктикот.

„Во периодот кога живеев видот Crossvallia, Нов Зеланд и Антарктикот биле во целост поинакви од тоа како изгледаат денес. Имено, Антарктикот тогаш бил целиот покриен со шума, а на двете подрачја владеела многу потопла клима“, вели Скофилт.

Ќе ви се допадне