(Видео) Откриени остатоци од праисториска ајкула

Научници открија остатоци од џиновска, праисториска ајкула, од типот мегалодон, за која велат дека владеела со океаните повеќе од милион години. Биле пронајдени заби, големи колку една човечка рака, а пераите биле со големина на возрасен човек.

Истражувачите од Универзитетот во Бристол, во југозападна Англија и Универзитетот „Свонси“ во Јужен Велс, користеле математички пресметки, за да ја пресметаат големината на ајкулата на основа на ретките фосилни остаатоци од забите.

Налозите се објавени во списанието Scientific reports. Истражувачите за „Си-ен-ен“, изјавиле дека џиновските ајкули може да достигнат должина од 18 метри и да тежат и до 48 тони.

Со заби големи како човечки раце, ајкулата имала загриз посилен и од 10 тони. Опашката на ајкулата била долга и до четири метри.

Џек Купер, кој ја водел студијата, изјавил дека џиновската ајкула која владеела со океаните милиони години, се хранела со помали морски китови и морски цицачи, кои биле слични на денешните моржови и фоки.

 

Scroll to Top